Поврзете се со нас

Државниот завод за статистика се подготвува за пописот во септември

 

Државниот завод за статистика (ДЗС) се подготвува за претстојниот попис на населението и смета дека нема да има никакви проблеми во организацијата на оваа статистичка операција.

Генерално, впечатоците се позитивни, како во однос на соработката со комисиите на пописните реони, така и од организациски аспект“, велат од ДЗС.

Едновремено, ДЗС информира дека активно работи во неколку насоки:

„…Извесни корекции во апликацијата за попишување кои се увидоа во текот на обуката на учесниците во пописот; допечатување на придружните материјали што беа испратени на терен и беа оштетени или не беа вратени; корекции во упатствата и контролниците со новиот датум и период на спроведување на пописот и др.“.

Собранието доцна вечерта на 2 април ги донесе измените на Законот за попис, со што статистичката операција што првично беше планирана да почне на први април, се одложи за пет месеци, односо за периодот од 5 до 30 септември.

 

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar