
Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека до утрово, до 7.30 часот, попишани се вкупно 1.760.194 граѓани, 546.080 домаќинства и 789.406 станови.
Освен на терен пописот се спроведува и во пописните канцеларии, во сите општини, како и во просториите на Државниот завод за статистика.
Локациите за попишување се достапни на линкот на ДЗС:
https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/SpisokNaKPRzaPopisuvanje.pdf
Можноста за самопопишување на нашинци од дијаспората, досега ја искористиле 201.247 граѓани.
Пописот почна на 5 септември, а завршува утре во 20 часот.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




