Поврзете се со нас

Уште 10 дена до пописот – пријавени над 8000 попишувачи

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, на прес-конференција од Владата рече дека институцијата е целосно подготвена за пописот, до чиј почеток остануваат уште 10 дена.

„Подготвителните активности се завршени целосно“, рече Симовски.

Во тек се обуките на инструкторите што ќе прават супервизија на процесот на попишувањето, а за неколку дена ќе поочнат обуките и за попишувачите.

Симовски рече и дека денеска завршува конкурсот за попишувачи и дека над 8000 луѓе веќе аплицирале.

„Сигурни сме дека ќе бидеме покриени“, рече директорот на ДЗС.

Се заблагодари што Владата одлучила по потреба да се стават на рапсолагање лицата кои се времено ангажирани во владините институции и од општините, но се надева дека за тоа ќе нема потреба.

Директорот на ДЗС потсети и дека Владата донела протоколи за тоа како најбезбедно да тече попишувањето.

„Гарантираме дека ќе ги почитуваме сите протоколи. Во ниеден случај нема да го загрозиме здравјето на ниеден граѓанин“, рече Симовски.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се одржи од 5 до 30 септември 2021 година.

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar