Поврзете се со нас

До 25 август е отворен конкурсот за попишувачи

Државниот завод за статистика (ДЗС) објави дека рокот за пријава на кандидати за попишувачи за претстојниот попис е 25 август. Toa значи дека преостануваат уште само пет дена.

Апелираат сите заинтересирани кандидати за попишувачи да се пријават на онлајн апликацијата достапна на интернет-страницата на ДЗС: https://www.stat.gov.mk/и popis2021.stat.gov.mk.

Од ДЗС соопштија дека за сите дополнително пријавени кандидати ќе биде организирано дополнително тестирање за што ќе споделат навремени информации.

Списоците на досега пријавените кандидати и информациите за времето и местото на тестирање се објавени во комисиите на пописните реони.

Условите за попишувачи се кандидатите да се полнолетни државјани на Република Северна Македонија, да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да познаваат компјутерски вештини.

Попишувачите кои ќе го спроведуваат претстојниот попис на населението становите и домаќинствата во септември, според Државниот завод за статистика, за ангажманот може да заработат хонорар од 20 до 40 илјади денари.

Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија ќе се одржи од 5 септември до 30 септември 2021 година.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar