Поврзете се со нас

Продолжен конкурсот за попишувачи – ќе трае до 12 август

Рокот во кој граѓаните може да се пријавуваат за попишувачи е продолжен. Ова во интервју за „Слободен печат“ го соопшти директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски.

Причината за недоволниот одзив на огласот, како што рече, веројатно се годишните одмори и фактот што голем дел од населението не е во државата.

Симовски изјави дека го продолжиле рокот за уште седум дена, што значи дека пријавувањето за попишувачи ќе трае заклучно со 12 август.

Директорот на ДЗС појасни и дека во некои пописни реони интересот е добар, но некаде е многу слаб.

На прашање дали финансискиот надоместок е доволен за попишувачите, односно можноста да се заработи, повтори дека за попишувачите нема фиксен хонорар, но зависно од ангажманот, износот во просек би се движел меѓу 25  и 40 илјади денари за едномесечен ангажмнан.

Условите за попишувачи се кандидатите да се полнолетни државјани на Република Северна Македонија, да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да познаваат компјутерски вештини.

Пријавувањето се врши преку интернет-апликацијата нa интернет-страницата на Државниот завод за статистика.

Документите се доставуваат по пошта или кандидатите можат да ги донесат во комисиите на пописните реони, на денот на закажаното тестирање.

Пописот ќе започне на 5, а ќе трае до 30 септември годинава.

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar