
Одложувањето на пописот од април за септември годинава има финансиски импликации, сметаат од Државниот завод за статистика (ДЗС).
„Во моментов се прават пресметките за досегашната искористеност на буџетот за попис и колку дополнителни средства ќе бидат потребни за негова реализација во септември“, велат во ДЗС.
Очекуваме во најскоро време ДЗС да извести за тоа колку средства се потрошени до одлуката за одложување на попис и колку дополнителни средства ќе бидат потребни за непречено и успешно спроведување на пописот во септември годинава.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




