
Собранието доцна вечерта на 2 април ги донесе измените на Законот за попис, со што статистичката операција што првично беше планирано да почне на први април, се одложува за пет месеци, односо за периодот од 5 до 30 септември.
Измените и дополнувањата на законот беа донесени со 95 гласа „за“, а „против“ гласаа 12 пратеници. Немаше воздржани.
Според податоците кои на 2 април ги објави Државниот завод за статистика, во странство се самопопишале 178.572 лица.
Процесот на самопопишување на граѓаните од дијаспората ќе трае до крајот на одржувањето на пописот во септември.




