
Според евиденцијата на Државниот завод за статистика, од 1 март до 29 март, преку електронската апликација, се самопопишале 171.620 иселеници.
Само на 29 март се попишале над 11.000 лица.
Наши иселеници покрај во европските земји, САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, има и во многу други помалку познати и егзотични држави. Според досегашната евиденција, на пример, во Џибути се попишале 3 македонски државјани, во Тувалу – 4, во Свалбард и Јан Мајен – 4, во Северни Маријански Острови – 11 и др.




