
Извршната директорка на НВО Инфоцентарот, Билјана Бејкова, на 26 март, гостуваше во живо во емисијата „Студио 10“, на ТВ 24Вести.
Во разговорот со водителот Огнен Јанески, Бејкова информираше за информативно-едукативната кампања на НВО Инфоцентарот, #ПописКонечно која има за цел граѓаните да бидат што е можно поквалитетно, сеопфатно и постојано информирани за процесот на попишување во 2021 година, но и за тоа дека пописот на населението е исклучително важна статистичка операција за развојот на државата.
Пописите на населението во комплексните општества даваат длабок увид во состојбата на теренот и обезбедуваат основни податоци врз кои се темели креирањето на политиките и развојните стратегии во различни области – економија, социјална политика, образовна политика, здравство, регионален развој, земјоделство, политички систем и др.




