Поврзете се со нас

Електронски попис не е можен бидејќи нема адресен регистaр  

Државниот завод за статистика (ДЗА) најмногу посакува попис без теренско попишување. Ова го изјави првиот човек на ДЗС, Апостол Симовски, на работилницата за новинари, во рамки на активноста „Статистика, не политика – Попис 2021“, спроведувана од НВО Инфоцентар.

Симовски рече дека тоа е најпосакуваната варијатна и за сите други институции и дека таа нема да „чини ниту еден денар“. Но, според него, постојат неколку причини зошто во моментов не е можно да се спроведе електронски попис во државава.

Главната причина, според Симовски, е тоа што нема целосно воспоставен адресен регистaр, а во попис се тргнува токму од адресата, односно од местото на вообичаено живеење на граѓаните.

Бидејќи голем број граѓани не живеат на местата што им се впишани во личните карти, со електронски попис, во моментов би се добиле неточни податоци за внатрешните миграции и населеноста.

„Огромен број лица не живеат на адресата која е во нивните документи и со попис базиран на постојните регистри, ќе имаме несоодветна територијална дистрибуција“, истакна Симовски и како пример го посочи Скопје, град во кој живеат многу повеќе луѓе отколку што е тоа наведено во личните документи.

Симовски се надева дека следниот попис ќе биде електронски и како добар пример ја наведе Словенија, во која пописни податоци се подготвуваат на секои три месеци и притоа за таа активност се ангажирани само три лица.

 

 

 Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентар со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој прилог му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar