Поврзете се со нас

Што треба да знаете за пописот: Ќе се собираат податоци за земјоделството

Податоците од претстојниот попис ќе дадат слика за земјоделството во државава односно ќе обезбедат податоци за тоа колку домаќинства се  ангажирани во земјоделско производство.

Ќе се попишува и вкупната обработлива површина на земјиштето без разлика каде се наоѓа земјиштето – на територијата на општината каде што живее конкретното домаќинство или пак, на територијата на друга општина во државава.

Земјоделските домаќинства на попишувачите ќе треба да им дадат и податоци за добитокот, живината и пчелните семејства со кои располагаат за времето на пописот.

Сите добиени податоци поврзани со земјоделството и земјоделските домаќинства ќе претставуваат основа за натамошни анализи и истражувања поврзани со земјоделското производство, како и основа за следниот земјоделски попис.

 

Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентар со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој прилог му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

 

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar