
Во периодот од 1 до 15 март се попишуваа четири категории граѓани: затворениците и притворените лица, бездомниците, припадниците во дипломатско-конзуларните претставништва во странство, како и припадниците на АРМ во странство.
Според надлежните институции, досега немало проблеми во попишувањето за ниту една од наведените категории граѓани.
Во оваа фаза се попишуваат и иселениците, но за нив рокот трае до 21 април.
Завршија и обуките на државните инструктори. Тие според планираното, заминуваат на терен каде со пописните комисии ќе го организираат тестирањето на попишувачите.
Конкурсот за оние места каде што недостигаат попишувачи е отворен до 20 март.
За ангажманот на Пописот, попишувачите ќе може да заработат до 35 илјади денари.
Најголем број од пријавените се студенти и невработени лица, истакнаа портпаролите на Владата. Најавија и дека почнуваат да се делат лаптопи и средства за дезинфекција.
Според, владиниот портпарол, Мухамет Хоџа кога станува збор за самопопишувањето на дијаспората отстранети се сите технички грешки и соопшти дека заклучно со 19 март, во дијаспората се попишале над 82 илјади граѓани од кои, најголем број во Швајцарија, Германија и Италија.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




