
Со Пописот 2021 ќе се обезбедат податоци за локацијата на местото каде што живеете, за тоа колку области се урбани, а колку се рурални. Попишувачите ќе собираат и податоци за тоа каков е степенот на урбанизација на местото на работа и школување.
Податоците што ќе се соберат со теренското попишување се поврзани со границите на општините, населените места, пописниот круг, центроиди на згради со куќни броеви.
Ќе се попишуваат и адресите со називи на улици; населеното место, општината и државата на раѓање; местото на живеење (населено место, општина и држава) на мајката кога лицето е родено.
За доселените лица ќе се попишуваат населеното место и општината од која лицето се доселило во местото на живеење и година на доселувањето. За лицата доселени од странство ќе се попишува и годината на доселувањето во Република Северна Македонија и државата од која се доселиле.
За лицата кои работат или посетуваат училиште – школата надвор од местото на живеење ќе се попишува називот на населеното место и општината во која работат или посетуваат училиште – школа, зачестеноста на враќање во местото на живеење и типот на превозното средство со кое патуваат до местото на работа, односно школување и времето потрошено во пат.
Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентар со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој прилог му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.




