
Државниот завод за статистика (ДЗС) нема да ги започне пописните активности на терен, заради новонастанатата ситуација во врска со Пописот 2021 односно ќе го чека евентуалното усвојувањето на измените на Законот за попис, со кој оваа статистичка операција треба да се одложи за септември годинава.
Во периодот додека се чека разрешница во Собранието, Заводот уште еднаш ќе направи проверка на сите организациско-технички активности на терен за да биде сигурен дека сè е подготвено за евентуално започнување со теренското попишување во засега важечкиот законски рок, од 1 до 21 април.
Во соопштението на ДЗС се истакнува и дека за сите активности што ќе следуваат јавноста ќе биде навремено информирана.




