
Заклучно со 11 септември, попишани се вкупно 308.551 лица, 95.040 домаќинства и 130.107 станови. Само на 11 септември биле попишани 114.308 лица.
Државниот завод за статистика (ДЗС) соопшти дека процесот на попишување продолжува со посакуваниот интензитет и темпо, и ги извести граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за попис, како и на телефонските броеви објавени на интернет- страницата на заводот.
Едновремено, ДЗС апелираат до населението да ги прими во своите домови со доверба и почит попишувачите и да им ги даде потребните податоци, бидејќи попишувачите кои се на терен се овластени лица на Државниот завод за статистика и се целосно обучени за оваа активност.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




