Поврзете се со нас

Во еден ден пријавени 640 кандидати за попишувачи

Подготовките за одржување на пописот во септември продолжуваат со предвиденото темпо, информира владиниот портпарол, Душко Арсовски.

На прес-конференцијата во Владата, Арсовски рече дека во тек е конкурсот за избор на реонски попишувачи и инструктори.

Интересот е голем. Само во еден ден се пријавиле 640 кандидати во сите 50 пописни реони.

Според најавите и роковите, конкурсот ќе трае до петти август, по што следува тестирање на кандидатите и конечен избор, па обука.

Портпаролот уште еднаш посочи дека Пописот на населението и домаќинствата е одговорност на сите, а податоците се доверливи и заштитени.

Условите за попишувачи се кандидатите да се полнолетни државјани на Република Северна Македонија, да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да познаваат компјутерски вештини.

Пријавувањето се врши преку интернет-апликацијата нa интернет-страницата на Државниот завод за статистика.

Документите ќе се доставуваат по пошта или кандидатите ќе можат да ги донесат во комисиите на пописните реони, на денот на закажаното тестирање.

Кампањата на ДЗС за Пописот 2021 ќе започне во август.

 

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar