
Податоците од претстојниот попис ќе дадат слика за земјоделството во државава односно ќе обезбедат податоци за тоа колку домаќинства се ангажирани во земјоделско производство.
Ќе се попишува и вкупната обработлива површина на земјиштето без разлика каде се наоѓа земјиштето – на територијата на општината каде што живее конкретното домаќинство или пак, на територијата на друга општина во државава.
Земјоделските домаќинства на попишувачите ќе треба да им дадат и податоци за добитокот, живината и пчелните семејства со кои располагаат за времето на пописот.
Сите добиени податоци поврзани со земјоделството и земјоделските домаќинства ќе претставуваат основа за натамошни анализи и истражувања поврзани со земјоделското производство, како и основа за следниот земјоделски попис.
Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентар со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој прилог му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.




