Поврзете се со нас

Ротација на попишувачите за оние граѓани кои ќе бараат вакцинирани попишувачи

 

Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање, појасни дека има решение за ситуации кога граѓаните нема да сакаат да ги попишуваат невакцинирани попишувачи.

Заев рече дека процесот ќе биде флексибилен и може да се направи рокада на попишувачите за да им се излезе во пресрет на граѓаните.

„Ќе се трудиме секојпат со максимална флексибилност. Разговарав со Mинистерот за правда и во една прилика и со директорот на Заводот за статистика, каде што секако кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите, за да може флексибилно да излеземе пред сè во барањата и очекувањата на граѓаните“, рече Премиерот.

Тој изјави и дека е мал процентот на ваквите реакции, бидејќи поголем дел од попишувачите се вакцинирани, како и дека над 50 проценти од граѓаните над 40 години се исто така, вакцинирани.

Пописот почнува в недела, на 5 септември и ќе трае до 30 септември.

До тогаш ќе трае и онлајн пописот на дијаспората што почна на 1 март. Досега се попишале над 190 илјади граѓани од дијаспората.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar