Поврзете се со нас

Прва фаза на Пописот 2021: Османи – Веродостојните податоци ќе отворат нови можности за државата и за дијаспората

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи преку видео порака им се обрати на нашите граѓани кои живеат во странство, за да ги повика да се попишат во што поголем број.  Од стартот на пописот за иселениците, на 1 март заклучно со 13 март,  попишани се околу 50.000 граѓани од дијаспората.

Османи рече дека во овој процес Министерството за надворешни работи е посебно ангажирано. Има отворено телефонски линии на кои преку апликациите Viber и WhatsApp можат да се обратат граѓаните од која било држава во светот.

„Амбасадите се ангажирани низ целиот свет за да прават акциски планови за да можат да стигнат до секој граѓанин. Прибираме информации и рагираме секаде каде што е потребно“, вели Османи.

Шефот на дипломатијата најави и теренска офанзива во странство и средби со граѓани со цел да се мотивираат да се вклучат во овој процес.

„Во Рим имавме исклучително добри посети и се сретнавме со наши граѓани, со здруженија на граѓани. Луѓето се посебно заинтересирани за пописот, но и воопшто за враќање на врските со земјата. Следната недела одиме во Берн и во Шпанија“, најави министерот.

Тој вели дека целта е да се обезбеди поголемо учество на дијаспората со што ќе се овозможи правилно мапирање и дистрибуција на нашите граѓани надвор.

„Веродостојните податоци ќе отворат нови можности за државата, за дијаспората и за МНР за да обезбедиме подобри услуги од државата. За да обезбедиме подобро покривање со конзулати, за да обезбедиме политики и за привлекување на граѓаните за враќање во државата“, рече Османи во видео пораката.

Телефонски броеви за контакт за информации за Попис 2021 на интернет-страницата на  Министерството за надворешни работи:

075 268 732 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 268 734 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

075 268 745 (редовна линија, Viber, WhatsApp)

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

 

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar