
Designed by Freepik / www.freepik.com /
Министерот за правда Бојан Маричиќ, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски и директорот на Управата за извршување санкции Марјан Спасовски, на 1 март 2021 година, направија увид во текот на попишувањето на притворените и затворените лица во Казнено-поправната установа К’шање.
Во ова установа, пописот започна навреме и досега не се регистрирани проблеми во неговото спроведување. Над 2000 притворени и затворени лица во државата, од кои само во Идризово се 1400, се првите граѓани кои се попишуваат во рамки на Пописот 2021.
Вработените во конзулатите и амбасадите, како и вработените во армијата надвор од земјата, исто така, се попишуваат во оваа прва фаза на пописот на населението.
Во оваа фаза на пописот ќе може да се самопопишат и македонските државјани кои престојуваат во странство поради работа или други лични причини, подолго од 12 месеци, а ќе бидат опфатени и бездомните лица.




