Поврзете се со нас

Пријавете се за попишувачи, најкасно до 5 август

 

Попишувачите кои ќе го спроведуваат претстојниот попис на населението становите и домаќинствата во септември, според Државниот завод за статистика, за ангажманот може да заработат хонорар од околу 30.000 денари.

Тие ќе бидат на терен 25 дена, од 5 до 30 септември, период во кој  ќе се спроведе пописот на населението на територијата на Северна Македонија.

Пријавувањето на кандидатите за реонски попишувачи и реонски инструктори е во тек и ќе трае до 5 август. Потоа ќе следи тестирање, избор и обука на избраните кандидати за непречно и професионално изведување на оваа најкомплексна статистичка операција во државата.

Условите за попишувачи се кандидатите да се полнолетни државјани на Република Северна Македонија, да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да познаваат компјутерски вештини.

Пријавувањето се врши преку интернет-апликацијата нa интернет-страницата на Државниот завод за статистика.

Документите се доставуваат по пошта или кандидатите можат да ги донесат во комисиите на пописните реони, на денот на закажаното тестирање.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar