Поврзете се со нас

Пописот и КОВИД-19: Протокол за попишување на заболените од коронавирусот

И покрај глобалната епидемија со коронавирусот, со попишувањето ќе бидат опфатени и лицата кои во моментот на Пописот ќе бидат позитивни на Ковид-19.

Нивниот број ќе се следи на дневна основа.

Според протоколот на Комисијата за заразни болести, Државниот завод за статистика од „Мој термин“, на дневна основа, ќе ги добива списоците на позитивните лица од Ковид-19, нивната адреса, матичен и телефонски број.

Оние лица чија изолација ќе почне на 1 април, а ќе заврши во деновите на траење на попишувањето, ќе бидат попишани по завршувањето на домашната изолација.

Позитивните на коронавирусот, кај кои изолацијата нема да заврши за време на пописот ќе бидат телефонски контактирани и ќе ги договорат условите за попишување со нивен близок човек, кој не е во изолација, а  кој ги знае сите податоци.

Интегралниот текст на Протоколот може да го најдете на следниов линк: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/Covi19Protokol_mk.pdf

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar