Поврзете се со нас

Пописот и КОВИД-19: Протокол за безбедно тестирање на попишувачите

Тестирањето на попишувачите кои треба да го реализираат Пописот 2021, во услови на глобалната епидемија од Ковид-19, ќе се одвива во училиштата и тоа, според Протоколот за заштита од заразната инфекција, на Комисијата за заразни болести.

Според Протоколот, мaксимално дозволениот број на лица во училниците е 12. Ако училниците се помали, тогаш се намалува и бројот на лица кои може да  присуствуваат.

– Лицата треба да седат на растојание од 1,5 до 2 метри, односно по едно лице во клупа, во секој втор ред.

– На влезот во просторијата треба да има средство за дезинфекција со 70% алкохол.

– На секој учесник пред влезот во просторијата треба да му се измери температурата со бесконтактен термометар.

– Доколку некој попишувач има температура над 37,2 степени нема да може да влезе во просторијата.

– Попишувачите цело време додека трае тестирањети ќе мора постојано да носат заштитни маски KN95.

– Просторијата ќе мора да се проветрува за време на паузата и меѓу секоја група за тестирање.

– Пред да влезе нова група ќе мора да се направи темелно механичко чистење на просторијата.

– Меѓу секоја група ќе има пауза од најмалку еден час.

 

Интегралниот текст на Протоколот може да го најдете на следниов линк:  https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/Covi19Protokol_mk.pdf

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar