Поврзете се со нас

Пописот и КОВИД-19: Протокол за безбедно попишување на терен

 

Попишувањето ќе се спроведува преку интервјуа „лице в лице“ во домовите на граѓаните. Тоа значи дека физичкиот контакт на лицата кои ќе се попишуваат и попишувачите е неминовен.

Процедурата за попишување ќе трае во просек 20-ина минути.

Домаќинствата ќе ги посетува само еден попишувач.

Имајќи го предвид ова, а за да се овозможи безбедно и непречено одвивање на процесот на попишување во време на пандемија, Комисијата за заразни болести подготви Протокол за превентивни мерки.

Попишувањето на терен ќе се одвива според следниве препорачани мерки:

– Секој попишувач ќе користи сертифицирана заштитна маска KN95, спреј за дезинфекција на рацете со 70% алкохол и каљачи за нозете.

– Попишувачот е должен често да ги мие, односно дезинфицира рацете. Пред да влезе во нечиј дом ќе мора да стави каљачи на нозете.

– Maски задолжително ќе мора да носат и сите присутни во домаќинствата.

– Маските не смеат во ниту еден момент да се вадат додека трае процесот на попишување. Не е препорачливо ниту допирање на маските со раце.

– Додека трае попишувањето задолжително треба да се одржува физичко растојание од 1,5 до 2 метри.

– Не е дозволено јадење или пиење за време на попишувањето.

– Се препорачува користење на средства за дезинфекција пред влегувањето и по излегувањето од домаќинството.

– Се препорачува и дезинфекција на лаптопот на попишувачот пред влегувањето и по излегувањето од домаќинството.

– Ако постојат услови, може да се користи секоја можност за попишување на тераса, двор, веранда, со задолжително носење маска и одржување на потребното растојание од 1.5 до 2 метри.

 

Интегралниот текст на Протоколот може да го најдете на следниов линк: https://popis2021.stat.gov.mk/Upatstva/Covi19Protokol_mk.pdf

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar