
Од следната недела преку системот „Мој термин“, Државниот завод за статистика (ДЗС) на дневна основа ќе добива податоци за сите новодијагностицирани случаи на заболени од коронавирусот според општини, за да се планира начинот на нивното попишување. Ова го најави Јасмина Ѓоргиева од ДЗС, на прес-конференцијата на 19 март.
Протоколот за Пописот, како што појасни Ѓоргиева, го изготвила Комисијата за заштита од заразни болести. Таа го објасни и начинот на кој секој попишувач треба да се однесува пред да влезе во домовите: „Треба да стави маска, да ги дезинфицира рацете и лаптопот, и потоа да влезе во вашето домаќинство. Кога ќе излезе од вашето домаќинство повторно ќе го стори истото, така што сметаме дека почитувјаќи ги овие правиле нема причина за сомнеж да се случи можеби некој да го пренесе вирусот.“
Повеќе во следното видео: https://www.youtube.com/watch?v=nJdOYCjKH5w
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




