Поврзете се со нас

Попишувачите на терен – засега без проблеми во попишувањето

Утрово во 8 часот пет илјади попишувачи излегоа на терен со што почна најголемата статистичка операција во државата, Пописот на населението, становите и домаќинствата.

Медиумите присуствуваа на 10-минутното попишување на домаќинството Трајковски во скопската општина Ѓорче Петров, кое помина без проблеми.

Попишувачот рече дека повторно ќе се врати бидејќи домаќинот не му презентирал документи од другите членови на домаќинството и поради потребата лично да ги попише и нив.

На прес-конференција пред новинарите, директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски рече дека досега не се соочиле ниту со бојкот, ниту со технички проблеми.

Апелираше граѓаните масовно да се вклучат во статистичката операција. Симовски нагласи дека најголемиот дел од попишувачите се веќе вакцинирани.

„Ако граѓанин побара вакциниран попишувач ќе добие таков. Според протоколите на пописот, повторувам, нема можност да се влијае на ширење на пандемијата“, повтори Симовски.

Директорот на Заводот апелираше до граѓаните да проверат дали попишувачите носат легитимација и ако немаат, тогаш да не ги пуштаат да влезат во нивните доми..

Свесни сме, како што кажа, дека има антикампања и провокатори кои ќе се обидат да го злоупотребат процесот.

„Ако попишувачот не најде никого дома, ќе дојде пак. Попишувачот ќе дојде онолку пати колку што треба во домот, со цел да се соберат потребните информации“, најави Симовски.

Според ДЗС, во сите 50 пописни реони попишувачите се излезени на терен и веќе се спроведува  попишување во домаќинствата.

Пописот во земјава се реализира после речиси 20 години.

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar