
Вкупно 419 485 лица, 129 614 домаќинства и 173 439 станови се попишани во првите осум дена од пописот, објави денеска Државниот завод за статистика.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 192 538 лица.
Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, кој официјално започна на 5 септември ќе трае до 30 септември.
Минатата недела процесот на попишување се одвиваше со куси застои поради технички интервенции во апликацијата. Државниот завод за статистика уверува дека проблемите се надминати и пописот се одвива со предвиденото темпо.
Од ДЗС уверуваат дека до последниот ден од Пописот, 30 септември, ќе бидат попишани сите граѓани, живеалишта и станови во Република Северна Македонија.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




