
Заклучно со вчера до 20 часот, во земјава се попишани 1 309 840 граѓани, соопшти Државниот завод за статистика (ДЗС). Кога станува збор за домаќинствата, попишани се 405 266, а бројот на попишани станови изнесува 556 415.
Можноста за самопопишување на лица во странство, пак, досега ја искористиле – 193 982 лица.
Пописот започна на 5 септември, а ќе трае уште една недела односно до 30 септември.
Државниот завод за статистикa ги информира граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на интернет-страницата popis2021.stat.gov.mk.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




