
Пописот на населението, становите и домаќинствата има осум важни карактеристики, кои мора да се почитуваат при неговото спроведување:
- Индивидуално попишување – Се попишуваат индивидуално сите пописни единици – лица кои живеат и престојуваат на територијата на државата, домаќинствата и становите, со сите нивни белези.
- Универзалност во рамките на државата – Пописот ја опфаќа целата територија на државата и ги опфаќа сите пописни единици: лицата кои живеат и престојуваат на територијата на државата, домаќинствата и становите.
- Истовременост – Се попишуваат сите пописни единици во ист, точно дефиниран период, а податоците се однесуваат за ист дефиниран критичен момент.
- Дефинирана периодика – Пописите (треба да) се спроведуваат во точно дефинирани временски интервали. Во согласност со препораките на Организацијата на обединетите нации, пописите (ООН) се спроведуваат со десетгодишна периодика, околу годините кои завршуваат на 0, со што се овозможува и споредливост на податоците на меѓународно ниво.
- Податоци за мали географски области – Пописот овозможува да се добијат податоци за единиците на пописот на најмало географско ниво, но притоа строго се води сметка за заштитата на индивидуалните податоци.
- Единствена методологија – Пописот се базира врз единствена методологија односно врз единствени дефиниции и класификации на единиците и нивните белези, како и врз единствена програмска обработка на податоците и објавување на резултатите.
- Заштита на податоците – Законска обврска на сите учесници во пописот е да се грижат за тајноста и за доверливоста на собраните податоци, во согласност со важечките закони.
- Рационалност – Во сите фази на пописот, од подготовките до објавувањето на резултатите, за да се постигне квалитет на податоците, се ангажираат оптимален број учесници и се вложуваат оптимални средства.
Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентарот во рамки на Проектот за граѓанско учество со поддршка на американскиот народ преку агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во прилогот му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата




