
Во пресрет на Пописот на населението, кампањата за поттикнување на дијаспората да се самопопише продолжува и ќе се одвива претежно преку социјалните мрежи, велат од Државниот завод за статистика (ДЗС):
„Кампањата кон дијаспората не може да се спроведува никако поинаку освен преку социјалните медиуми и евентуално онлајн средби со одредени здруженија на нашите иселеници. Правиме напори повторно да се засилат активностите на социјалните медиуми, а и поинтензивно да се комуницира со иселеничките здруженија на сите континенти.“
Заклучно со 17 јуни, самопопишани лица во странство се вкупно 190.191.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




