
Пописот на лицата, домаќинствата и становите кој требаше да започне на 1 април, по лидерската средба на премиерот Зорана Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски на 29 март, е одложен за септември.
Иако, Премиерот го најави одложувањето на пописот за 5 септември, тој се уште не е официјално одложен односно Собранието се уште не ги усвои измените на Законот за попис.
Се уште не е познат датумот кога ќе се одржи седницата на која треба да се усвојат законските измени.
Според најавите, пописот треба да започне на 5 септември и да трае до 30 септември 2021 година.
Главната причина за одложување на пописот е новиот бран заболени од Ковид-19 во земјава, но и најавите на опозицијата дека ќе повика на бојкот на пописот доколку тој се спроведе во април.
Фото: НВО Инфоцентар




