Поврзете се со нас

Од 1 април секојднево ќе може да се следи бројот на попишани граѓани

Со официјалниот почеток на Пописот, на 1 април, граѓаните ќе можат на официјалната интернет-страница за Пописот 2021, секој ден да проверат колку луѓе се попишани. Ова го изјави портпаролката на Државниот завод за статистика, Јасмина Ѓоргиева, работилницата за новинари, во рамки на активноста „Статистика, не политика – Попис 2021“, спроведувана од НВО Инфоцентар.

„На веб-страницата ќе има дневен показател за бројот на попишани лица, попишани домаќинства и станови. Тоа ќе биде сервисна информација која се ќе појавува секое утро на насловната страница“.

Портпаролката на ДЗС, рече дека ќе бидат отворени за комуникација со сите медиуми и новинари, и дека до 22 часот секоја вечер ќе има дежурна служба за да одговори на сите прашања поврзани со пописниот процес.

Ѓоргиева потенцира дека ќе бидат отворени и телефонски линии за граѓаните да пријават проблеми или нејаснотии поврзани со пописот.

Според апликацијата за самопопишување, до 8 часот на 25 март, се самопопишале над 143 илјади граѓани од дијаспората.

 

Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентар со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во овој прилог му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar