Поврзете се со нас

Нови телефонски броеви за дијаспората за Пописот 2021

Државниот завод за статистика извести дека поради одложувањето на Пописот 2021 за септември 2021, Центарот за повици каде што може да се добијат одговори на сите прашања и да се пријават евентуални проблеми со апликацијата за самопопишување има променет режим на работа.

Телефонските броеви со Whats app  и Viber конекција (+389 71/483-313 и +389 71/483-291) ќе бидат достапни секој работен ден, од 8 до 16 часот по македонско време, а во попладневните часови и во текот на викендите прашањата може да се доставуваaт на следниве меил адреси: Popis2021@stat.gov.mk , dijaspora@stat.gov.mk , press@stat.gov.mk

ДЗС извести дека прашањата ќе бидат одговорени во најкус можен рок, односно на првиот следен работен ден.

Пописот на населението, домаќинствата и становите треба да почне на петти септември.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar