Поврзете се со нас

Народниот правобранител отвори бесплатна телефонска линија за повреда на правата за време на пописот и локалните избори

Во канцеларијата на Народниот правобранител од денеска почна да функционира бесплатната телефонска линија 0800 54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на нивните права за време на Пописот на населението, домаќинствата и становите, како и за локалните избори што ќе се одржат во октомври.

„По пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, односно нема да биде следена вообичаената постапка за поднесување претставка, туку претставки ќе се составуваат телефонски. Важно е да се истакне дека Народниот правобранител правата на граѓаните ќе ги штити со барање брзо и ефикасно постапување од надлежните органи во процесот на пописот и изборите, и од другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на загарантираните права на граѓаните“, се наведува во соопштението.

Народниот правобранител ги охрабрува граѓаните доколку сметаат дека им е повредено некое од правата да се јават на бесплатниот телефонски број. Телефонската линија ќе функционира во текот на пописот и на двата круга од локалните избори.

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar