
Бројот н попишани и натаму расте. Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, заклучно со 20 септември, до 20 часот, попишани се 1.132.484 лица, 353.256 домаќинства и 480.364 станови.
Државниот завод за статистикa ги информира граѓаните дека за сите дилеми и нејаснотии кои ги имаат во врска со процесот на попишување можат да се обратат во Бирото за Попис и на телефонските броеви кои се објавени на интернет-страницата popis2021.stat.gov.mk.
Паралелно со попишувањето тече и процесот на самопопишување на нашинците од дијаспората. До крајот на најголемата статистичка операција преостануваат уште девет дена. Пописот формално треба да заврши на 30 септември.
Пописот се спроведува по речиси 20 години. Последниот беше реализиран во далечната 2002 година.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




