
Државниот завод за статистика (ДЗС) најави дека на 20 јули ќе биде објавен конкурсот за избор на реонски попишувачи и инструктори за претстојниот попис на населението, домаќинствата и становите. во
На конкурсот кој ќе биде отворен до 5 август, ќе се бараат 5.055 реонски попишувачи и 508 реонски инструктори за 50 пописни реони.
Условите се кандидатите да се полнолетни државјани на Република Северна Македонија, да не се вработени, да имаат завршено најмалку средно образование и да поседуваат компјутерски вештини.
Пријавувањето ќе се врши преку интернет-апликацијата која ќе биде поставена нa интернет-страницата на ДЗС. Документите ќе се доставуваат по пошта или кандидатите ќе можат да ги донесат во комисиите на пописните реони, на денот на закажаното тестирање .
ДЗС ги повикува сите заинтересирани граѓани кои ги исполнуваат условите, да се пријават и да дадат свој придонес за успешно спроведување на Пописот 2021.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




