Поврзете се со нас

Методологија за Пописот 2021 – стандарди, техники, учесници

 

 

Designed by Freepik / www.freepik.com /

На 5 февруари 2021 година, директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, ја претстави Методологијата за спроведување на Пописот на населението, домаќинствата и становите. Симовски рече дека во Методологијата се содржани сите стандарди на пописот, техниките на спроведување и учесниците во пописот.

На колку прашања ќе одговараат граѓаните зависи од профилот на лицето, а ќе се прифаќаат само целосно пополнети прашалници.

За пописот ќе има најмалку 1.500 попишувачи и 50 пописни комисии.

Основната цел на пописот ќе биде да се утврди бројот на населението и неговиот територијален распоред, како и да се добијат податоци за виталните, образовните, економските, етничките, миграциските и другите белези на населението.
Електронската апликација со која ќе се врши попишувањето функционира на седум јазици: македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански.

Според последниот попис од 2002 година бројот на населението изнесуваше 2022.547 жители.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar