Поврзете се со нас

Кампањата на ДЗС за Пописот 2021 ќе започне во август

Кампањата на Државниот завод за статистика за теренскиот попис во септември, веќе е креирана.

Според ДЗС, речиси 80% од предвидените продукти се подготвени и опфаќаат повеќе начини на анимирање на граѓаните за оваа исклучително важна статистичка операција:

„Тоа се плакати, билборди, „дор-хенгери“, интернет-банери, видео и аудио спотови, графички видео материјали за социјални медиуми. Останаа уште неколку активности кои беа предвидени да се реализираат во текот на теренските активности, а заради пролонгирањето на рокот, ќе се реализираат во текот на август, кога повторно ќе започне интензивна медиумска кампања.“

На прашањето, дали и колку од домашните радиодифузери покажаа интерес бесплатно да емитуваат промо-материјали за претстојниот попис пред тој да биде одложен за септември, од Државната статистика ни одговорија дека не добиле одговор од ниту еден медиум, најверојатно затоа што, пописот се одложи. Останува да се види,  дали и колку медиуми ќе се приклучат и бесплатно ќе ги објават промотивните материјали на ДЗС за пописот кој ќе започне на 5, а ќе трае до 30 септември годинава.

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar