Поврзете се со нас

Евростат- пописот и методологијата се во согласност со ЕУ законодавството

Радио Слободна Европа праша во Евростат дали се запознаени со македонскиот закон за попис и методологијата и ако се, дали тие се во согласност со нивните стандарди.

„Законот за попис и методологијата неодамна беа споделени со Евростат. Тие во повеќето аспекти се широко поврзани со релевантните стандарди дефинирани во статистичкото законодавство на Европската унија иако законодавството на ЕУ се уште не е обврзувачко за Северна Македонија како земја кандидат”, наведува Маргарида Карвало од канцеларијата за односи со јавноста на Евростат.

Во документот именуван како „Препораки за попис на населението и домаќинства 2020“ објавен на страницата на Евростат пак, се наведува дека вообичаено резидентот кој не е присутен на пописот помалку од 12 месеци се попишува во земјата. Тоа е така и во македонската методологија.

Во делот за отстутни лица кои живеат во странство повеќе од една година, европското статистичко биро наведува дека тоа е можно да е важно за земји кои што имаат голема емиграција.

„Некои земји се обидуваат да ја проценат емиграцијата собирајќи податоци за тие лица на пописот на пример користејќи емиграциски модел во прашалникот. Претходните искуства покажуваат дека е тешко да се очекува да се обезбеди точен број на емиграцијата во странство. Како и да е, таков пристап може да даде некои информации за оние кои емигрирале скоро или за оние кои имаат блиски контакти со семејствата. Ако податоците за лицата кои живеат надвор од земјата подолго од 12 месеци се добиени на пописот тогаш тие треба да бидат одвоени од податоците добиени за резидентното население“, се наведува во препораките на Евростат.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar