Поврзете се со нас

Етничката припадност е едно од прашањата на Пописот 2021

Едно од најчувствителните прашања на пописот на населението, домаќинствата и становите е етничката припадност. Таа се дефинира како чувство на припадност на лицето кое се попишува кон некоја етничка заедница.

Имајќи ја предвид чувствителноста на ова прашање, при попишувањето, во давањето одговор на ова прашање, никој со ништо не смее да влијае врз лицата кои се попишуваат.

Попишувачот е должен да го внесе одговорот што ќе го добие од лицето кое го попишува и не треба да ги чита понудените одговори, туку само да го праша за неговата/ нејзината припадност кон некоја етничка заедница.

Ако етничката припадност за која се изјаснило лицето ја нема во понудените одговори, тогаш одговорот треба да се запише дополнително.

Лицето може, од лични причини да не даде одговор на ова прашање. Во тој случај, попишувачот ќе го избере одговорот „не се изјаснил“.

За деца до 15 години, одговор на ова прашање дава еден од родителите, посвоителот или старателот.

 

Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентарот во рамки на Проектот за граѓанско учество со поддршка на американскиот народ преку агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во прилогот му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar