Поврзете се со нас

ДЗС: Надминати се краткотрајните проблеми со попишувањето

Државниот завод за статистика преку соопштение извести дека претпладнево, во кратки периоди, се појавиле проблеми при попишувањето на терен .

Во соопштението на ДЗС пишува дека проблемот не се должи на интернет-конекцијата, туку дека е резултат на поголемиот број сесии за попишување кои се случувале истовремено.

„Техничките тимови интензивно работеа на отстранување на проблемот и за кратко процесот продолжи непречено. Би сакале да потенцираме дека проблемот што се појави не се должи на интернет конекцијата со која се овозможува попишување, туку ова се можни и нормални проблеми кои се резултат на поголем број паралелни сесии“.

Во тие 2 до 3 часа додека траеле техничките проблеми, биле попишани речиси 10 илјади лица на целата територија на државата.

Во првиот ден од Пописот, 5 септември, до 20 часот, попишани се 94.975 лица, 28.594 домаќинства и 37.544 станови. Почна да расте и бројот на самопопишани нашинци од дијаспората. Заклучно со 5 септември тој број е над 191 илјади.

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar