
Над 130 илјади македонски граѓани кои живеат во дијаспората се попишаа преку апликацијата за самопопишување заклучно со 22 март. Последниве денови бројот на самопопишани започна благо да расте.
Според евиденцијата, најмногу попишани има во Швајцарија.
По неа следуваат Германија, Австрија и САД. Во европските држави, нашата дијаспора се самопопишала во Белгија, Шведска, Данска, Словенија.
Самопопишани има и од Обединетите Арапски Емирати, Катар, Саудиска Арабија, Грузија, Кина.
Од евидецијата на Државниот завод за статистика се гледа и дека иако во помал број, самопопишани има и во африканските земји како Џибути, Свазиленд, островите Аруба и Бахами, потоа од Фарските острови, Антарктикот…
Самопопишувањето се одвива електронски, лесно и брзо и ќе трае до 21 април.
Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.




