Поврзете се со нас

Центарот за повици за дијаспората има нов режим на работа

Поради одложување на Пописот 2021 за септември, центарот за повици на Државниот завод за статистика (ДЗС), каде што иселениците може да добијат дополнителни информации и одговори за евентуални проблеми со апликацијата за самопопишување, има изменет режим на работа.

Телефонските броеви со „Whats app“  и „Viber“ конекција (+389 71/483-313 и +389 71/483-291) ќе бидат достапни секој работен ден, од 8 до 16 часот, по македонско време, а во попладневните часови и во текот на викендите прашањата може да се  достават на следниве електронски адреси: Popis2021@stat.gov.mk, dijaspora@stat.gov.mk, press@stat.gov.mk

ДЗС ќе одговори на пораките и прашањата во најкраток рок, најдоцна следниот работен ден.

 

Прилогот е подготвен со поддршка на Фондацијата Отворено општество Македонија (ФООМ). Содржината е одговорност на НВО Инфоцентарот и таа не ги одразува секогаш ставовите на ФООМ.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar