Поврзете се со нас

Пописот 2021 ќе ја опфати и религиозната припадност на населението

Уставот на Република Северна Македонија им гарантира на граѓаните слобода на вероисповед, што значи дека секој граѓанин/ка може слободно и јавно да ги изразува своите верски и духовни верувања.

Лицето кое се попишува може по сопствена волја да даде одговор на ова прашање, независно  дали е запишано во книгата на припадниците на некоја вероисповед.

На ова прашање, попишувачот е должен да го запише одговорот за кој се изјаснило лицето, односно попишувачот не смее на никаков начин да влијае врз граѓаните и нивниот одговор.

Попишувачот е должен само да го внесе одговорот на лицето кое го попишува, без претходно да ги чита понудените одговори. Ако религиозната припадност за која се изјаснило лицето ја нема во понудените одговори, тогаш одговорот треба дополнително да се запише.

Лицето може од лични причини да не се изјасни на ова прашање. Во тој случај се внесува  одговорот „не се изјаснил“. Ако лицето се изјасни дека не е верник, се внесува „не е верник“ или „атеист”.

За деца до 15 години одговор на ова прашање дава еден од родителите, посвоителот или  старателот.

 

Прилогот е подготвен од НВО Инфоцентарот во рамки на Проектот за граѓанско учество со поддршка на американскиот народ преку агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Мислењата изразени во прилогот му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar