Поврзете се со нас

Статии

Информирањето на медиумите за Пописот 2011

Анализата на покривањето на Пописот 2011 година, покажа дека медиумите редовно информираа за подготовките на пописот, за несогласувањата и оставките во Државната пописна комисија, за различните толкувања на Законот за попис, за тоа кои лица треба да бидат опфатени со пописот и со кои документи ќе се врши идентификација на лицата кои се попишуваат,за структурата и недоволниот број на попишувачи, за реакциите на опозицијата околу пописот, како и за прекинот на пописот. Новинарите главно ги регистрираа овие случувања, но многу малку или воопшто не ги коментираа и анализираа. Ретко вклучуваа мислења на експерти и главно пренесуваа изјави на официјални претставници директно вклучени во пописот.

Повеќе →

Афердита Имери: Немаме официјални податоци за најранливите категории граѓани

Интервју со Афердита Имери, од регионалната организација „Лабораторија за општествени иновации“, за недостатокот од релевантни податоци во креирањето социјални политики.

Повеќе →

Со дебата во Тетово започна кампањата „Попис веднаш“

Со дебата во Тетово започна кампањата „Попис веднаш“

Зошто во Македонија не може да се спроведе регуларен попис и зошто тој се гледа главно низ етничката призма беа главните прашања кои се дискутираа на денешната дебата во Тетово насловена „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“.

Повеќе →

Пописот и неговите основни карактеристики

Пописот на населението и домувањето (или пописот на населението, домаќинствата и становите) е најмасовна статистичка акција според бројот на учесниците и најобемна според бројот на статстичките единици кои треба да се опфатат. Пописот има за цел да се соберат, обработат и дисеминираат деталните статистички податоци за населението,

Повеќе →

Закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година

Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година беше донесен на 30 ноември 2010 година, со указ на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.

Повеќе →

Кратка хронологија на Пописот 2011

Кратка хронологија на Пописот 2011

Уште додека Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија беше во процедура, можеше со голема сигурност да се претпостави дека претстојниот попис ќе се соочи со бројни и сериозни политички турбуленции и пречки, и дека воопшто нема да биде третиран само како нужен статистички процес на една држава.

Повеќе →

Започнува кампањата „Попис веднаш!“

Започнува кампањата „Попис веднаш!“

За да ја поттикнеме и да ја засилиме јавната дебата за вистинското значење на пописот, како и за нужноста од негово скорешно спроведување, започнавме со реализација на проектот „Пописот е демократија, а не само етничка бројка“, во чии рамки се одвива кампањата „Попис веднаш!“.

Повеќе →

Никола Рилкоски: Без попис нема доверба во избирачкиот список

Интервју со Никола Рилкоски, претседател на Државната изборна комисија, за недовербата на граѓаните во податоците на единствениот избирачки список.

Повеќе →

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar