Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година беше донесен на 30 ноември 2010 година, со указ на претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов.
Со овој Закон се уредуваа подготовката, организацијата и спроведувањето на пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, единиците кои се опфаќаат со пописот, пописните реони, надлежните органи за организација и спроведување на пописот, постпописното истражување и нивните надлежности, стручните тела и други учесници во спроведувањето на пописот, употребата на јазиците во пописот, начинот на извршување на пописот, користењето, чувањето и заштитата на податоците од пописот, обработката и објавувањето на податоците од пописот, информирање на населението за целите и значењето на пописот и неговото финансирање.
Десетина дена од почетокот на пописот, на 1 октомври 2011, а на само четири дена пред рокот за негово завршување, членовите на Државната пописна комисија (ДПК) поднесоа колективна оставка, Комисијата се распушти и пописот пропадна. Со тоа, според медиумите, „се покажа дека различните толкувања на делови од Законот се непремостлива пречка за успешно одвивање и завршување на целиот процес“ . Според ДПК, причината за пропаѓањето на пописот беше „неможноста членовите на Комисијата да се усогласат за методологијата за спроведување на пописот“ .
Пописот официјално заврши на 11 октомври 2011, по бурна расправа во Собранието и усвојување на Законот за престанување на важењето на Законот за попис.
Закон за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година (pdf)