Поврзете се со нас

Во Медиумите

0,,17594777_303,00

Пописот сам по себе не е гаранција за фер изборен процес. Но и без него процесот може да биде демократски, но само ако има политичка волја за целосно расчистување на избирачкиот список, сметаат експертите.

Можни ли се регуларни избори без попис на населението!?

Дојче Веле

 

Според економистите, за да се добие реална слика за состојбата, треба да се анализираат неколку фактори: дали се работи за нови вработувања во приватниот сектор, колкав е уделот на вработувањата во државниот сектор, потоа колку чинат субвенционираните вработувања и како врз целата состојба се одразува одливот на работоспособна сила во странство.

Масовното исселување ја намалува невработеноста!
Фактор МК

Последната политичка криза повторно го актуализира прашањето за пописот, преку барањето на опозицијата една од главните задачи на таканаречената преодна влада, на која тие инсистираат, да биде токму попис на населението – За експертите и упатените во оваа проблематика организирањето и спроведувањето попис од страна на преодна влада е невозможна мисија, бидејќи станува збор за обемна, сложена и скапа операција, за која се потребни најмалку две години за целокупна организација и обработка на податоците – Тие сепак се согласуваат дека пописот е повеќе од неопходен за земјава и дека е недозволиво тој и пoнатаму да се врзува за дневната политика 

Нема попис пред 2017 година
Нова Македонија

 

Електронски регистар во кој ќе има точна евиденција за бројот на населението во државата, но и за иселените, како и тоа колку долго се надвор и во која држава, ќе биде воспоставен до крајот на 2018 година, стои во Резолуцијата за миграциона политика во наредните пет години, а која неодамна беше прифатена во Собранието. При тоа, разни институции ќе бидат вклучени во неговото формирање преку вкрстување на нивните податоци, а ќе се формира и посебна институција, која би ја водела ваквата единствена евиденција на населението. Вака дефиниран регистарот на население, иако е предложен како дел од стратегијата за намалување на бројот на државјаните што се иселуваат од државата, всушност, многу потсетува на предлогот што премиерот Никола Груевски летово му го доставил на својот коалициски партнер Али Ахмети како еден од начините да се спроведе попис во државата по неуспешниот во 2011 година.

И миграциите и пописот ќе се решат со еден потег?
Дневник

Манипулациите со фрагментирање на етничките и на верските ентитети во земјава, вообичаени за предизборните и претпописните периоди, овој пат резултираа со мноштво прашалници. Кому и зошто му е потребно да се актуализираат овие теми во сегашни услови.

Стравот од попис раѓа диригирани прегрупирања
Нова Македонија

Европската канцеларија за статистика (Евростат) денеска ги објави најновите податоци за бројот на жители што живеат во земјите-членки на ЕУ, но и кај кандидатите за членство и во земјите од ЕФТА. Според податоците на Евростат, на 1 јануари 2014 година, во 28 земји-членки на Унијата живеат точно 507.4 милиони лица, додека во Република Македонија 2,065 милиони. Во споредба со 1 јануари 2013 година, популацијата е зголемена за 80.000 жители во однос на природниот прираст, како и за 700.000 жители кои се населиле во европските земји.

Ние не успеавме да се преброиме, но Евростат успеа: Македонија има 2,065 милиони жители
еМагазин

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети одби да одговори дали за нив е прифатлив предлогот на владиниот партнер, премиерот Никола Груевски, за нов попис на населението во Македонија. За Ахмети, поголем приоритет е обновата на училиштето во скопско Свиларе отколку пописот. Kако што веќе објавивме, Груевски пред два месеца му доставил на владиниот партнер Ахмети два предлога за административен попис, а првичната процена на интегративците беше дека засега пребројувањето не им е приоритет. Со ваквиот став Ахмети вчера и официјално потврди дека пописот не им е на врвот на партиската агенда.

За Ахмети, побитна е обновата на училиште то во Свиларе отколку пописот во државата
Дневник.мк

In any country, doing a full-blown census is a complicated and costly effort. Census takers must be trained to go door to door, gently but firmly convincing each household to enumerate its inhabitants and share information about employment, family background, and a variety of details that citizens often prefer to keep to themselves.

What’s in a Number?
Transitions Online: Regional Intelligence.org

Два предлози за попис во писмена форма премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му ги доставил лично на својот владин партнер Али Ахмети пред еден и пол месец со цел да се договори спроведување на статистичката операција, пишува Дневник. Од ДУИ се бара одговор за две форми на спроведување на пописот – административно пребројување на населението и теренска проверка за неколку прашања.

Груевски предлага попис, Ахмети незаинтересиран?
Локално.мк

Според извори на весникот Дневник, двата предлога главно се базираат на административно пребројување на населението, но и на теренска проверка за неколку прашања и според најавите пописот најрано би можел да се спроведе за две и пол години.

Се’ уште неизвесно кога ќе има попис во Македонија
Inpress

По три години од пропаднатиот попис во Македонија, сеуште нема одговор кога и како да се очекува неговото спроведување. Во меѓувреме, пред една седмица, Европската канцеларија за статистика Евростат, излезе со најновите податоци за бројот на жителите во ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија.

Сеуште непознато кога ќе има попис во Македонија
ТВ Орбис

Премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, пред околу два месеца во два писмени дописи од својот коалиционен партнер, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, побарал да се договори спроведување на статистичката операција,  потврдува за весникот Дневник  висок партиски извор од ВМРО-ДПМНЕ.

Попис на населението најрано за две ипол години
Макфакс

 

По три години од пропаднатиот попис во Македонија, сеуште нема одговор кога и како да се очекува неговото спроведување. Во меѓувреме, пред една седмица, Европската канцеларија за статистика Евростат.

Груевски бара попис – Ахмети молчи
Press24

 

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски писмено му предложил на Али Ахмети, првиот човек на коалицискиот партнер ДУИ две форми за спроведување на пописот на населението во Република Македонија. Предлогот бил испратен пред помалку од два месеца, но одговор се уште нема.

Груевски предлага попис, Ахмети не одговара

МКД.мк

ahmeti i gruevski

Два предлога за попис во писмена форма пред еден и пол месец премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му ги доставил лично на својот владин партнер Али Ахмети со цел да се договори спроведување на статистичката операција, потврдува висок партиски извор од ВМРО-ДПМНЕ. Двата предлога главно се базираат на административно пребројување на населението, но и на теренска проверка за неколку прашања и според најавите пописот најрано би можел да се спроведе за две и пол години. Изворот вели дека Груевски не добил конкретен одговор од Ахмети дали го прифаќа или го одбива предлогот и дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ с` уште чека одговор.

Ахмети не одговара на двата предлога на Груевски
Дневник

0,,16852011_303,00

Без попис нема ниту релеватна политика во сите општествени сфери, а планирањето во државата е неефикасно. Македонија, по неуспехот на пописот во 2011 година, размислува за промена на методологијата на попишување.

Попис некогаш ќе има, но со поинаков „рецепт“
Дојче веле

Донатори

USAID

FOOM

Напомена

Интернет - страницата е дел од проектот „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“, поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го спроведува Фондација Отворено општество Македонија.
Информациите објавени на оваа интернет - страница не се официјални информации на Владата на САД и не ги претставуваат погледите и позициите на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој (УСАИД) или на Владата на САД.

Партнери

NVO Infocentar CRM
 
8-mi Septemvri MCET