Поврзете се со нас

Пописот и неговите основни карактеристики

Пописот на населението и домувањето (или пописот на населението, домаќинствата и становите) е најмасовна статистичка акција според бројот на учесниците и најобемна според бројот на статстичките единици кои треба да се опфатат. Пописот има за цел да се соберат, обработат и дисеминираат деталните статистички податоци за населението, домаќинствата и становите во земјата на сите територијални-географски нивоа, до најмало ниво (населено место). Со пописот се обезбедуваат податоци за составот и карактеристиките на населението, неговата просторна разместеност и организација (семејства и домаќинства), услови за домување и др.

Пописите се спроведуваат периодично во  поголемиот дел од земјите во светот; тие биле промовирани на меѓународно ниво од крајот на деветнаесеттиот век, кога Меѓународнародниот статистичка конгрес препорачал сите земји во светот да спроведуваат пописи. Од 1958 година, Обединетите нации активно го промовираат пописот на населението и домувањето преку принципи и препораки за пописите на населението, становите и домаќинствата. Оттогаш се воспоставени и клучните карактеристики на пописот:

  • Индивидуално попишување – секоја пописна единица (лице, стан, домаќинство) посебно се попишува,
  • Универзалност – се опфаќаат сите пописни единици на дефинираната територија (една земја или една одредена територија на која се спроведува пописот),
  • Истовременост – сите пописни единици се попишуваат во ист временски период,
  • Податоци за мали (територијални) области – пописот треба да обезбеди податоци за бројот и карактеристиките на населението и домувањето кои се однесуваат и на најмалите географски области на земјата, и на малите групи население, при што треба да е запазена заштитата на личните податоци.
  • Периодичност– пописите се спроведуваат во редовни временски интервали (вообичаена препорачана периодика е 10 години)

Најважна карактеристика на пописот која  што го одвојува од сите други статистички истражувања е обезбедуваето детални податоци  за мали географски области и за мали групи население.

USAID

Напомена

Оваа интернет-страница е редизајнирана со поддршка на американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Информациите објавени на оваа интернет - страница му припаѓаат на НВО Инфоцентарот и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на Соединетите Американски Држави.

NVO Infocentar