Македонија својот развој го планира според податоците од 2002 година. После прекинатиот попис во 2011, нема најава за одржување нов попис во скоро време. И покрај тоа што не постои политичка волја, невладините организации потсетуваат на предностите на точните податоци за миграцијата, инфраструктурата, образованието и старосната структура на населението во Македонија.
Повеќе →Интервју за значењето, препораките и спроведувањето на пописо, со Дончо Герасимовски, демограф со богато четириесетгодишно искуство и поранешен директор на државниот Завод за статистика.
Повеќе →Интервју со Марјан Забрчанец, долгогодишен активист и актуелен извршен директор на Младинскиот образован форум (МОФ), за проблемите во креирањето образовни политики без точна демографска структура на младите во Македонија.
Повеќе →Македонија е една од ретките земји во светот што нема спороведено попис на населението, иако има обврска тоа да го прави на секои 10 години. Оваа исклучително значајна статистичка операција политичките елити во државата ја сведоа на етничко пребројување, а пописот во 2011 година беше неуспешен затоа што стана заложник на политиката, посочуваат граѓанските организации и експертите.
Повеќе →Интервју со Арсим Зеколи, аналитичар и поранешен амбасадор на Македонија во ОБСЕ, Виена, и амбасадор на ОБСЕ во Туркменистан, за загубите што ги трпи Македонија од неспроведувањето попис.
Повеќе →Пописот не значи пребројување на населението по етничка основа, туку е статистичка операција која дава увид во состојбата на теренот и обезбедува релевантни податоци врз основа на кои ќе се креираат понатамошните политики и стратегии во сите области, оваа поента беше истакната на вчерашната дебата во Струмица „Пописот е демократија, а не само етничка бројка“.
Повеќе →Утре, 4 јуни 2014, во Струмица, со почеток во 18 часот, во х. Тивериопол ќе се одржи дебатата „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“.
Повеќе →Интервју со Афердита Имери, од регионалната организација „Лабораторија за општествени иновации“, за недостатокот од релевантни податоци во креирањето социјални политики.
Повеќе →Зошто во Македонија не може да се спроведе регуларен попис и зошто тој се гледа главно низ етничката призма беа главните прашања кои се дискутираа на денешната дебата во Тетово насловена „Пописот е демократија, а не само етничка бројка!“.
Повеќе →За да ја поттикнеме и да ја засилиме јавната дебата за вистинското значење на пописот, како и за нужноста од негово скорешно спроведување, започнавме со реализација на проектот „Пописот е демократија, а не само етничка бројка“, во чии рамки се одвива кампањата „Попис веднаш!“.
Повеќе →